09 октомври 2010

Квалитетен веб дизајн

Квалитетен веб дизајн изработен за вашите потреби, со одлична навигација и квалитетен графички дизајн, на платформата Вордпрес или на некоја друга платформа. За повеќе информации

Патувања, семинари, хотели

За туристички понуди од различни хотели, туристички агенции и друго, посетете ја travel.net.mk.
Туристички агенции и хотели »
На блогот на travel.net.mk можете да пронајдете корисни совети за вашите патувања.
Блог »

Бесплатни веб страни

Доколку сакате да ви изработиме бесплатна веб страна на платформата Вордпрес, регистрирајте се на нашата веб страна и ние ќе ви испратиме одговор.
Провери овде за веб дизајн »
Вордпрес претставува најдобрата интернет платформа за мали компании кои немаат големи буџети за трошење на веб страната.
Блог »

04 септември 2010

Веб страни кои треба да ги посетите

Travel.net.mk - Пребарувач на туристички понуди Ние пребаруваме. Вие патувате

Travel.net.mk претставува најусовршениот пребарувач на туристички понуди со прилично едноставна мисија: да го подобри начинот на кој луѓето пребаруваат и откриваат информации за нивните патувања.

Travel.net.mk ги овластува посетителите брзо да пронајдат понуди кои најдобро ги осликува нивните потреби.

Webpro - Веб дизајн

Бесплатни веб страни во Wordpress

18 јули 2009

Кој има блог - ајде да линкувме

Можеби ви е познато, можеби не, дека вашето позиционирање на Google, Yahoo и на уште многу други пребарувачи, зависи од бројот на линкови кои доагаат кон вашата веб страна/ блог. Се разбира доколку имате веб страна рачно програмирана, позиционирањето зависи и од многу други работи кои сега нема да ги набројувам.
Како и да, позиционирањето на блогот главно зависи од бројот на линкови, и квалитетот на веб страната која линкува кон вашата веб страна.
Незнам зошто лугето се плашат да стават надворешни линкови, дали сметаат дека ќе им се намали посетеноста или слично. Морам да кажам дека тоа е чиста глупост. Еве една страна која може да го докаже тоа
Затоа дајте да се дружиме :) Оставете линк во коментарот (URL + Име на линкот)
Линкот кон мојот блог "Web dizajn" URL:webpro.blogspot.com

15 јули 2009

БиМЕК (зачувување на матични клетки од папочна врвца)

За БиМЕК
Бимек претставува македонска компанија за трговија со медицинска опрема, одржување на медицинска опрема и слично. Таа е успешна мала фирма со вработени кои се вистински професионалци во својата дејност. Контактирајте ги овде >
За веб страната
Веб страната е поделена на неколку категории:
На веб страната имате можност да поставете прашање и да добиете одговор на вашиот email. Исто така можете да ги контактирате во секој момент вработените доколку се одлучите за зачувување на матичните клетки преку Cryo-save и Бимек.
Blog za maticni kletki

25 мај 2009

Воведување на ИТ во Македонско претпријатие

Верувам дека не постои претпријатие или "претприемач" кој не се залага за воведување на најновите технологии во работата. Сепак од желба до вистинска трансформација постои голема разлика. Имено, сите на некој начин се обидуваат да го нашминкаат имиџот на технолошки лидер со кој може да им се фалат на, не помалку, снобовските пријатели. Сепак доколку навистина се сака да се воведе ИТ во секојдневниот бизнис ќе треба многу повеќе од користење на емаил, статична страна или facebook профил. Не дека тоа не треба, туку е потребно многу повеќе посветеност и работа за да се направи целосна трансформација.
Постојат многу проблеми кои се јавуваат но мислам уште сега треба да се спомене најголемиот:

1.ВРЕМЕ

Па ако немате време за воведување зошто воопшто да се мачите со процедурата. Едноставно останете во 20 век и молете се на Господ за клиенти.
ИТ го променува начинот на комуникација со клиентите, добавувачите и јавноста. Па нели комуникацијата е суштината на економијата, а усовршувањето ефикасноста и ефективноста на комуникацијата е двигател на развојот. Затоа немојте да мислете дека времето кое ќе го истрошите во воведување на ИТ ќе биде изгубено време. Со ИТ ќе добиете нови клиенти со кои ќе комуницирате побрзо, нови добавувачи со пониски цени, и јавноста ќе биде подобро запознаена како работите, што значи дека нема да добива срцев удар секој пат кога некоја пратка ќе закасне. Одвоете минимум еден час неделно во кој ќе можете слободно да размислувате како ИТ ќе му помогне на вашиот бизнис.

2. Секогаш во движење

ИТ не воведувате еднаш засекогаш, така да рагледајте се што има ново на вебот. Ако имате статична страна со единствена слика на која сте сликани како мислите што ве удрило, обновете ја страната со некои динамички функции. Направете newsletter, RSS, дозволете им на посетителите да оставаат коментари итн. Замислете колку социјални сајтови во Македонија постојат а ниту еден не им дозволува да додаваат коментари.
Доколку се работи за некоја мала фирма како фризерски салон или бутик може да се помине и со емаил, блог, и facebook профил. Но ако сте фирма од над 10 вработени од трговијата, притоа чиј пазарен удел е значителен (нема перфектна конкуренција), размислете сериозно каде сте. Бидејќи ако во Македонија нема силна конкуренција, може да дојде од странство. И знајте една веб страна не е исто со воведување на ИТ во бизнисот. Потребно е да ги разгледете сите опции и ангажирате консултант кој ќе ви помогне. Верувајте во Македонија еден добар совет не вреди толку многу колку во Сад.


3. Бесплатно рекламирање

Не постои во реалниот свет добар пример каде што постојат толку многу опции за рекламирање бесплатно. Да почнам со форумите каде што може "несакајќи" да ја вметните вашата веб страна заедно со коментарот. Wikipedia е исто така место каде објавувајќи некоја статија можете да го вметнете вашиот "стручен" сајт. Бесплатните огласувачи кои постојат како во Македонија така во целиот свет може да ви помогнат да продадете некоја застарена стока. Блоговите како овој :) се добри за промовирање на вашиот бизнис.
Секогаш кога ќе ви биде понудено рекламирање во некој сајт на интернет, прашајте на кое место се наоѓа на Google за некој збор кој е важен за вашиот бизнис. На пример ако се наога на 1 место за зборот "гаќи" а вие сте дистрибутер на бикини немојте да прифатете да прифатете додека не ја подобри позицијата на "бикини".

4. Пари

Постои една поговорка "најдоброто е бесплатно". Ова може да се земе во предвид и за воведувањето на ИТ. Имено, се разбира дека е потребна инвестиција, но не толку колку е се потребни предходно наброените работи. Ако имате време парите се најмал проблем. Ќе ви треба околу 1000 евра за една типична мала македонска компанија. Тоа не се воопшто голема сума на пари кога ќе ги распределите на неколку години (по што ќе биде потребно да ја повторите инвестицијата со нешто поново). Така да, не трошете пари на флаери кои никој не ги чита повеќе од 5 секунди и реклами во пропаднати весници, воведете ИТ. Инвестицијата сигурно ќе ви се врати (доколку ја направите како што треба).